Вчера (30.11.) во Кочани на локации околу Градскиот пазар, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Кочани спроведоа превентивна активност во рамки на проектот ,,Полицијата и граѓаните заедно“ а под мотото „Заштита од џебни кражби“, при што на граѓаните им беа споделени совети на кој начин да се заштитат од кражби, разбојнички кражби, џебни кражби, како и други кривични дела од областа на имотните деликти. Воедно, на граѓаните на кои што им беа делени и едукативни летоци, им беше укажувано дека за сите безбедносни настани треба навремено да пријават и соработуваат со полицијата за полесно спречување и откривање на кривичните дела.
Покрај ова, исто така вчера, на улиците „Јуриј Гагарин“ и „Балканска“ во Берово полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Берово спроведоа превентивна активност на тема „Паркирај совесно и одговорно“. Целта на оваа активност беше да се подигне свеста на граѓаните за совесно паркирање на своите возила, при што им беше укажано дека секој возач на возило не смее да го запре или паркира возилото на место на кое би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот, односно би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите. За време на спроведување на активноста беа поделени и летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.