Во периодот од (25-29.11.2023), Одделението за превенција при СВР Скопје, организираше едукативно превентивна активности од областа на сообраќајот, во основното училиште „25-ти Мај“, на подрачјето на Општина Гази Баба.
Во рамки на планираната едукација на учениците од второ одделение, согласно годишниот план за едукативни работилници и проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ наменет за ученици од второ и четврто одделение, на децата, преку наменски подготвена едукација им беше објаснета улога на сообраќајниот полицаец, како и основните знаења од областа на сообраќајот и сообраќајните правила и прописи. Исто така, им беше објаснето дека и тие како активни учесници во сообраќајот како пешац или велосипедисти треба доследно да ги почитуваат сообраќајните правила пред се заради нивната лична безбедност.