Денеска (25.11.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес во соработка со Организација на жени од општина Велес, реализираа превентивна активност пред Народен театар ,,Јордан Хаџи Константинов-Џинот" во Велес, во рамките на отпочнувањето на кампањата ,,16 дена активизам-борба против насилството врз жените и девојчињата", посветена на подигање на свеста за сузбивање на насилството врз жените.