Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес заедно со полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал и малолетничка деликвенција при СВР-Велес, на 24.11.2023 во ООУ ,,Васил Главинов“ во Велес, реализираа едукативна работилница за учениците од шестто до деветто одделение.
Работилницата беше посветена на темите „Насилство во училиштата“ и „Врсничкото насилство“ - со посебен акцент на сајбер булингот, односно малтретирањето и насилството на социјалните мрежи. Посебно стана збор и за начините и методите кои треба да се користат во превенирањето и справувањето со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Децата беа запознати и со сите ризици и последици, вклучително и законските, од овие видови на социо-патолошко поведение.