Денеска (20.11.) на градскиот плоштад во Куманово, по повод Светски ден на детето, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција од детско престапништво, организираа манифестација под мотото „Безбеден град, убав град“ .
Децата од повеќе основи училишта во градот имаа можност да се дружат со омилените ликови од цртаните филмови и заеднички да ги поделат подароците со пораки за безбедноста, изработени заеднички со нивните ментори од училиштата.
На крај од манифестацијата на учесниците им беа поделени благодарници за нивното учество.