20 ноември 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Во рамки на континуираната превентивна кампања што се реализира под мотото „Кажи не на дрогата, да на животот“ денеска (20.11.2023) на подрачје на Битола полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола и криминалистичката полиција на СВР Битола реализираа превентивно-едукативна активност посветена на основците.

Притоа, во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Битола беше спроведена едукативна работилница при што учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.

Исто така, покрај ова инспектори од компјутерски криминал при СВР Битола на децата им укажуваа за ризиците што произлегуваат преку користењето на социјалните мрежи како и нивно навремено препознавање и превенирање.

Инаку, денеска и полициски службеници од Ресен реализираа превентивна активности при што ги посетуваа колективните домови за живеење и градското подрачје на Ресен и разговараа со граѓаните за заштита од кражби, измами и разбојништва.