19 ноември 2023

"МВР-Превенција од илегална миграција и транспорт на мигранти со моторни возила" - активност на РЦ за ГР ЈУГ


Денеска (19.11.2023) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи "Југ", предводени од началникот, во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор "Михајлово", спроведоа превентивна кампања “МВР-Превенција од илегална миграција и транспорт на мигранти со моторни возила". Oваа активност е реализирана со поширок опфат, вдолж зелената граница со Р. Грција како и на автопатот А1-Пријателство.
Во рамки на активностите, на контролен пункт на наплатна станица Демир Капија беа поделени печатени материјали со едукативна содржина.

Со превентивната активност, исто така, беа опфатени и граничните премини на Полициските станици за граничен премин и граничен надзор "Богородица" и "Стар Дојран". Притоа, на возачите на товарни возила им беше напоменато да вршат зачестени проверки во товарниот дел од возилото, поради појава на мигранти кои самостојно се качуваат во приколките на товарните моторни возила со намера илегално да бидат пренесени преку граница или до одредени дестинации, а доколку се посомневаат за присуство на лица во товарниот простор веднаш да ја известат полицијата.