17 ноември 2023

Превентивна активност на ОВР Валандово


На 16.11.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово со учениците од шесто и деветто одделение од Средното општинско училиште „Јосип Броз Тито“ во Валандово спроведоа превентивно едукативна работилница на тема „Врсничко насилство“.
Преку соодветна видео презентација учениците беа запознаени со формите и начините преку кои се пројавува овој вид насилство, а им беше укажано и како да се заштитат. Беше потенцирана и потребата од соработка со полицијата, родителите и стручните служби во училиштата со цел сузбивање на ваквата појава.