Денеска (15.11.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициска станица за безбедност во патен сообраќај при СВР Куманово на повеќе локации во централно градско подрачје во Куманово, реализираше превентивна активност во рамки на кампања „Безбедно патување во зима“. Од страна на полициските службеници на возачите учесници во сообраќајот им беше укажано дека законската обврската за поседување на зимска опрема започнува на 15 ноември и важи до 15 март следната година и се однесува на секое возило кое учествува во сообраќајот, независно дали е тоа во населено место или надвор од населено место, а исто така беше укажано и за почитување на сообраќајните правила и прописи во зимски услови. Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите како непосредни учесници во сообраќајот за задолжителната обврска за поседување на зимска опрема, како и околу потребата од прилагодување кон услови на патиштата, а во насока на безбедно движење и пристигнување на посакуваната дестинација. На возачите-учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени во соработка со РСБСП.