Денеска(15.11), полициски службеници од Полициските станици и одделенија за безбедност на патниот сообраќај на целата територија на СВР Битола реализираа превентивни активности на подрачјето на Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод во рамки на кампањата „Биди подготвен, користи зимска опрема" за законската обврска за користење на зимска опрема.
Со делење едукативни материјали и во непосредна комуникација со возачите, полициските службеници ги потсетија возачите на задолжителната обврска за поседување на зимска опрема, како и на потребата од прилагодување кон зимските услови на патиштата.