Денеска (14.11.2023) на повеќе локации на подрачјето на Штип, Пробиштип и Кочани полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, како и од Одделенијата за внатрешни работи Пробиштип и Кочани, реализираа превентивна кампања под мотото - ,,Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Во рамки на активностите на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП, и им беше појаснето и за важноста и обврските за поседување и носење на зимска опрема во возилата.
Главна цел на превентивните активности е на учесниците во сообраќајот да им се потенцира важноста од почитување на сообраќајните правила во зимски услови, и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди. Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата започнува од утре - 15 ноември 2023 и ќе трае до 15 март 2024 година.