Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица денеска (13.11.) во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Струмица спроведоа превентивно едукативна работилница посветена на темата „Врсничко насилство“.
Преку практични примери засновани на полициското искуство, на средношколците од втора и четврта година од ова училиште им беа презентирани формите и начините преку кои се пројавува овој вид насилство, а со тоа им беше предочено како можат да го препознаат и да се заштитат од истото.
Особено внимание беше посветено на запознавањето на учениците за важноста којашто ја има превентивното постапување во вакви и слични случаи, а во рамки на која од суштинска важност е соработка со полицијата, со родителите и стручните служби во училиштата.