Денеска (13.11.) полициски службеници при Одделението за внатрешни работи Свети Николе реализираа превентивна активност под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Превентивната активност беше реализирана на неколку патни правци во и околу Свети Николе, при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот им укажуваа на возачите за обврската за задолжително носење на зимска опрема во периодот од 15 ноември 2023 до 15 март 2024 година, за да можат и во зимски услови да се движат непречено и безбедно во сообраќајот.
Воедно, беше укажано и на казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законска одредба, а полициските службеници поделија и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП, а сe со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот како и подобрување на личната но и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.