Вчера (09.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво во основното општинско училиште „Браќа Рибар“ во село Табановце, кумановско, започнаа со превентивна активност со цел навремено детектирање и препознавање на врсничко насилство во училиштата.
Од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово беа изготвени анкетни листови и за учениците од шесто до деветто одделение беше спроведено анонимно тестирање со цел навремено откривање и спречување на одреден вид на насилство.
Тестирањето и едукацијата ќе продолжат и во наредниот период и ќе бидат опфатени сите средни и основни училишта на подрачјето на Куманово, а резултатите ќе бидат внимателно прегледани и анализирани од сите надлежни стручни служби.