Вчера (09.11.2023) полициски службеници од ОВР Македонски Брод ја посетија детската градинка „7 Септември“ во Македонски Брод , со цел запознавање на најмладите со задачите на полициската работа. Покрај тоа, во рамки на едукативниот час, децата разгледаа дел од полициската опрема која ја носеа полициските службеници, како и полициските возила што се користат во секојдневната работа.
Отсекот за превенција на СВР Битола заедно со криминалистичката полиција на СВР Битола, на подрачјето на Битола реализира превентивна активност во основното училиште „Стив Наумов" во Битола, каде за учениците од осмо и деветто одделение беше организирана едукативна работилница посветена на врсничкото насилство и едукативно предавање на темата „Кажи не на дрогата, да на животот“. Во рамки на работилниците основците беа запознати како со облиците и последиците од врсничкото насилство така и со последиците коишто произлегуваат од користењето и трговијата со дрога.