08 ноември 2023

„Вози одморен“, превентивна активност на ОВР Македонски Брод

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Македонски Брод при Секторот за внатрешни работи Битола на 07.11.2023 во Македонски Брод, како и на повеќе локации во околината на градот реализираа едукативно-превентивна сообраќајна активност под мотото „Вози одморен“.

Притоа, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила полициските службеници укажуваа за важноста на одморот при подолги патувања со моторно возило, односно за влијанието на заморот како една од честите причини за предизвикување на сообраќајна незгода.

При реализација на активноста на возачите им беше поделен печатен материјал со едукативна содржина, изработен во соработка и поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.