Денеска (04.11.2023) во периодот од 12.00 до 14.00 часот полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Кочани на различни локации во Кочани спроведоа превентивна активност на тема „Паркирај совесно“. Целта на оваа активност беше да се подигне свеста на граѓаните за совесно паркирање на своите возила, при што им беше укажано дека со почитување на прописите при паркирањето се намалуваат и останатите прекршоци со што заеднички придонесуваме за заштита и на другите учесници, како што се велосипедистите и пешаците.
Полициските службеници, исто така, спроведоа и превентивна активност „Полицијата и граѓаните заедно“, при што на граѓаните им беа споделени совети на кој начин да се заштитат од кражби, разбојнички кражби, како и други кривични дела од областа на имотните деликти, а им беше укажано дека за сите безбедносни настани треба навремено да пријават и да соработуваат со полицијата за полесно спречување и брзо откривање на кривичните дела. За време на превентивната активност беа поделени и летоци со едукативна содржина.