02 ноември 2023

Превентивна активност на ОВР Берово за побезбеден сообраќај

Денеска (02.11.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово, во Берово односно на локации на улиците „Маршал Тито“, „23 ти Август“ и „Димитар Влахов“ реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот фокусирана на задолжителната примена на сигурносните појаси.

Притоа, полициските службеници на возачите им укажуваа за последиците кои можат да настанат како последица од некористење на сигурносниот појас, како и дека секој возач на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицата кои се превезуваат со тоа возило, се должни да бидат врзани со сигурносни појаси на начин утврден од производителот на возилото, додека возилото се движи во сообраќајот на пат. Дополнително, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.