01 ноември 2023

Превентивни активности на СВР Куманово

Вчера (31.10.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво во основното општинско училиште „Браќа Рибар“ во село Табановце, кумановско, одржаа едукативна работилница на тема „Насилство во училиштата“. Притоа, во рамки на работилница посебно внимание беше посветено на „сајбер булингот“, односно насилството преку социјалните мрежи, а секако беа појаснети и другите форми и видови на насилство меѓу децата, со цел нивно квалитетно информирање на предизвиците, последиците и превенцијата од овие облици на девијатно поведение.

Инаку на истата тема околу насилството и полициски службеници од ОВР Крива Паланка одржаа едукативна работилница со ученици од седмо одделение од основното општинско училиште „Св. Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка.