Денеска (29.10.2023), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност на тeма ,,Одговорно управување со моторно возило". Превентивната активност беше реализирана на наплатните станици ,,Демир Капија" и ,,Виничани" на автопатот ,,Пријателство". Преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот им беше укажано на обврската за безбедно управување со возилата, задолжително користење на сигурносен појас, некористење на мобилен телефон и прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализација, како едни од најважните правила и превенција од сообраќајни несреќи. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина изготвени од РСБСП.