Денеска (26.10.) полициски службеници од ОВР Кочани во централното градско подрачје на Кочани спроведоа превентивна активност на тема ,Oбезбеди го својот дом“ . За време на превентивната активност беа поделени и летоци со едукативна содржина. Иста активност спроведоа и полициски службеници од ОВР Берово на градскиот пазар во Берово.
Во Пробиштип, денеска (26.10.) полициски службеници од Полициското одделение на патниот сообраќај при Полициската станица Пробиштип во Пробиштип реализираа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот под мотото ,,Стави појас“. Во рамките на активноста на возачите и сопатниците во возилата им беше укажано од важноста од користење на сигурносниот појас. За време на активноста беа поделени и печатени материјали со едукативна содржина.