Полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Отсекот за недозволена трговија со дрога и од Полициската станица од општа надлежност при СВР Штип, денеска (24.10.) во општинскoтo средно текстилно училиштe „Димитар Мирасчиев“ во Штип, спроведоа превентивно едукативно предавање на учениците од трета и четврта година под мотото „Кажи не на дрогата, да на животот“. Притоа, преку наменски подготвена видео презентација беа објаснети последиците од користењето или трговијата со дроги и други психотропни супстанци. Полициските службеници преку примери од практичните искуства на учениците им ги презентираа сите аспекти на проблематиката на зависноста од дрога, а особено внимание беше посветено на здравствените и законски полседици при овие облици на девијантно однесување.
Исто така, денеска и полициски службеници од ОВР Делчево при СВР Штип реализираа превентивна активност на тема „Вози одговорно - стави појас“, при што на возачите им беше појаснета вежноста за почитување на сообраќајните правила и прописи, како и задолжителното користење на сигурносниот појас, пред се заради нивната безбедност, но и безбедноста на сопатниците и другите учесници во сообраќајот. На возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.
Покрај ова, и полициски службеници од ОВР Свети Николе денеска реализираа превентивно едукативна работилница со ученици од ОСУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе, посветено на темата ,,Трговија со луѓе и илегална миграција“. Од страна на полициските службеници преку соодветен едукативен материјал на средношколците им беше објаснета појавата на илегалната миграција, причините и опасностите од истата како и нејзината директна поврзаност со трговија со луѓе како еден од сериозните и организирани облици на криминал. Беа презентирани низа примери од праксата во врска со санкционирањето на овие појави, како и современите форми на борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, а се со цел заштита и запознавање на младата популација од опасностите кои трговијата со луѓе и илегалната миграција може да ги предизвикаат.