Денеска (24.10 ) полициски службеници од ОВР Крушево, на подрачјето на Крушево како и по патните правци кои што водат до излетничките места, реализираа превентивна активност согласно превентивниот проект – „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“.
Полициските службеници преку низата средби со граѓаните укажуваа за основните мерките за заштита од имотни деликти, како и потребата од навремена соработка и комуникација со полицијата. При спроведувањето на активноста на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина. Напоредно со оваа активност полициските службеници од ОВР Крушево во централното подрачје на Крушево реализираа превентивна активност под мото –„Не користи мобилен телефон додека возиш“.