Денеска (23.10.2023) во рамки на акциониот план за превентивни активности, од страна на СВР Штип, Отсек за превенција, во содејство со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип на повеќе локации на подрачјето на Општина Штип беа спроведени превентивно-едукативни активност во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Со делење на летоци со едукативна содржина под мотото „Намали ја брзината“ и „Паркирај совесно - паркирај одговорно”, на возачите како директни учесници во сообраќајот им беа дадени препораки за почитување на сообраќајните правила и прописи, со акцент на прилагодување на брзината спрема условите на патот и одговорното паркирање на возилата, со цел поголема севкупна безбедност во сообраќајот.