22 октомври 2023

СВР Куманово за најмладите основци организираше „Игри без граници“


Вчера (21.10.2023) полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општински совет за детско престапништво на спортски терен пред општинското Основно училиште „Крсте Петков Мисирков" во Куманово, организираше „Игри без граници“ за учениците од сите основни училишта од прво до трето одделение.
Мотото на овој настан беше „Децата и полицијата“, а неговата цел е преку игра, забава и меѓусебно дружење кај учениците да се повлијае за подигнување на свесноста за благодетите кои им ги носи спортот, но и да се укаже на задачата која ја има полицијата во зголемување на безбедноста во заедницата и околу училиштата, која е примарна за безгрижно поминати школски денови.
По завршување на активноста, на сите ученици кои земаа учество во овие „Игри без граници“ од страна на полицијата им беа врачени благодарници.