19 октомври 2023

Превентивна активност на ОВР Радовиш

Денеска (19.10.) a по повод одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш заедно со претставници на Црвен крст Радовиш спроведоа превентива активност со ученици од деветто одделение од Основното општинско училиште „Крстев Петков Мисирков“ во Радовиш.

За учениците беше организирано предавање на тема „Превенција на трговија со луѓе“, со цел запознавање што всушност претставува трговијата со луѓе, кои се облици на експлоатација, како да се препознаат овие видови криминал, и секако како да се превенираат таквите појави.