Денеска (19.10.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Кавадарци беше спроведена едукативна акција под мотото „Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“.
Полициските службеници на повеќе локации во и околу Кавадарци во непосреден контакт со возачите укажуваа на важноста од одговорно и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во поглед на недозволеното користење на мобилни телефони при возење. Исто така, на возачите им беа поделени и едукативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со информативни содржини и корисни совети за учeсниците во сообраќајот.