19 октомври 2023

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивна активност на ОВР Ресен

На подрачјето на Ресен полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Ресен при Секторот за внатрешни работи Битола, денеска (19.10) реализираа превентивно-едукативна активност посветена на средношколците.

Притоа, полициските службеници од ОВР Ресен го посетија средното општинско училиште „Цар Самоил“ каде што тема на спроведената едукативна работилница беше посветена на проблематиката на зависностите од дроги, а под мотото - „Кажи не на дрогата, да на животот“.

Во рамки на работилницата, учениците беа запознати со повеќе важни аспекти од превенцијата и спречувањето на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, потоа за законските реперкусии, но и други последици што произлегуваат од користење и трговија со дрога.