Денеска (19.10.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во соработка со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и од Полициската станица од општа надлежност Штип во општинските средни училишта „Славчо Стојменски“ и „Коле Нехтенин“ во Штип, спроведоа едукативно предавање за учениците од трета и четврта година „Кажи не на дрогата, да на животот“.
При тоа преку наменски подготвена видео презентација беа објаснети начините на манифестирање на зависностите од дрога, како и нивното влијание врз животот и здравјето на младите. Воедно беа објаснети и начините за превенција и заштита на младите од штетните влијанија кои овие појави ги предизвикуваат.
Покрај ова, денеска и полициски службеници од ОВР Делчево во централното градско подрачје на повеќе локации реализираа превентивна активност под мотото – „Сигурноста и безбедноста на граѓаните- наша обврска“, тематски посветена на заштитата од џебни кражби. Во текот на средбите и разговорите со граѓаните, особено постарите лица и пензионерите, беа појаснети начините и постапките кои треба да се преземаат со цел граѓаните да се заштитат од сторителите на ваквите кривични дела односно кои мерки да ги применуваат и на што посебно да внимаваат при купување и при движење на јавните простори.
Исто така и во Кочани, на локации околу градскиот пазар полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Кочани спроведоа активност согласно проектот ,,Полицијата и граѓаните заедно“ а поврзано токму со заштитата од џебни кражби. За време на спроведување на активноста на граѓаните им беа поделени и летоци со информативна содржина.