19 октомври 2023

Превентивни активности на РЦГР Север

Вчера (18.10.) полициски службеници за превенција при Регионалниот центар за гранични работи Север заедно со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка, реализираа активности посветени на превенција од криволов. Притоа беа опфатени населените места, односно жителите од селата: Шипковица. Бродец, Вешала и Бозовце. Во текот на активностите полициските службеници во непосредна комуникација со претставници на месните заедници од овие населени места, како и жители на истите укажуваа за проблемите и последиците кои можат да настанат од незаконитиот криволов, за важноста и одговорностите за зачувување на шумите и животните, како и околу законските обврски за навремено пријавување на вакви појави. Особено беше нагласена потребата од комуникација со надлежните институции.

Исто така, на месноста викана Шипковачка кривина на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка со активностите беа опфатени и посетители на регионот, односно возачи со кои што беше разговарана на истата тема.