18 октомври 2023

Превентивна активност на СВР Куманово

По повод Меѓународниот ден на борба против трговија со луѓе, денеска (18.10.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово спроведоа едукативна кампања за заштита од овој вид на кривично дело.

Во текот на активностите реализирани на повеќе локации во централното подрачје на Куманово, на граѓаните им беше укажано за начинот и мерките кои треба да ги превземат за да се заштитат од вакви кривични дела, а им беше делен и едукативен печатен материјал во насока на нивно информирање.