18 октомври 2023

Едукативни работилници на СВР Скопје

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, а по повод одбележувањето на 18-ти Октомври Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, во содјество со полициски службеници од ПСОН Драчево какo и од Полициските одделенија Мирковци, Шуто Оризари и Петровец денеска (18.10.) беа реализирани едукативни работилници во пет основни општински училишта.

Работилниците на тема спречување на трговија со луѓе беа одржани во училиштата „Климент Охридски“ на подрачјето на ПСОН Драчево, потоа во „Кирил и Методиј“ во село Кучевиште и „Александар Урдаревски“ во Чучер Сандево на подрачје на ПО Мирковци, во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ на подрачје на ПО Шуто Оризари и во ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Илинден на подрачје на ПО Петровец.

Со работилниците беа опфатени ученици од седмите и осмите одделенија, а со цел правилно информирање и подигнување на свесноста за препознавање на опасностите и начини на заштита на децата. Работилниците се реализираа преку наменски подготвени видео презентации, а на учениците им беше поделен и едукативен материјал.