Денеска (17.10.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со полициски службеници од НККР Кавадарци од областа на малолетничка деликвенција, заедно со учениците од општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ во Кавадарци одржаа едукативна работилница на темите поврзани со насилство во училиштата.
Притоа, учениците беа запознати со сите важни факти околу формите, начините, причините за овие социо-девијантни појави, а покрај објаснување на карактеристиките стана збор и за последиците, пред се од законски аспект и за начините како тие појави благовремено да се превенираат и децата да се заштитат од криминогените ефекти на истите.