Вчера (16.10.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово заедно со ученици од основното општинско училиште „Толи Зордумис“ од Куманово, реализираа едукативна работилница „Кажи не на дрогата-да на животот.“ Притоа полициските службеници ги запознаа учениците со законските реперкусии и други последици што произлегуваат од користењето и трговијата со дрога. На учениците им беше поделен и едукативен печатен материјал во насока на нивно информирање во борбата за спречување на зависноста од дроги.
Дополнително, тема беа и злоупотребите и девијантните појави на социјалните мрежи, како и за опасностите што ги демнат младите и како да се заштитат од истите.