16 октомври 2023
Превентивна активност на СВР Штип
Денеска (16.10.) полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево на градскиот пазар во Пехчево, спроведоа едукативна кампања за заштита од џебни кражби.
Во текот на активностите на граѓаните им беа појаснети начините и постапките кои треба да се преземаат со цел граѓаните да се заштитат од сторителите на ваквите кривични дела, односно кои мерки да ги практикуваат и на што треба да обрнат внимание при купување и при движење на јавни места. Воедно беше нагласена важноста од соработката со полицијата и навремено известување за било какво кривично дело.