16 октомври 2023

Превентивна активност на СВР Охрид

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид, денеска (16.10.) за учениците од шесто до деветто одделение од основното училиште ,,Наум Охридски“ во с. Пештани, охридско одржаа едукативно предавање на тема насилство преку социјални мрежи. Учениците беа запознаени со начините на препознавање на овие форми на социо - девијатно однесување, како и за превенирање од истите, пред се во комуникација и соработка со полиција, родителите и вработените во училиштата.