Денеска (13.10) Отсекот за превенција при СВР Битола во рамките на проектните превентивни активности на Министерството за внатрешни работи, започна со реализирање на едукативната превентивна кампања – „Кажи не на дрогата - да на животот“, а преку спроведување на едукативни работилници со учениците од средните училишта во Битола за појаснување и запознавање на младите околу проблематиката со злоупотреба на дрогата и последиците од тоа.
Денеска едукативна работилница беше реализирана во средното електро машински училиште ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, каде учество зедоа учениците од трета и четврта година. Во рамки на работилницата учениците беа запознати со повеќе аспекти од превенцијата и спречувањето на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, за законските реперкусии и други последици што произлегуваат од користење и трговија со дрога. Дополнително, на работилницата покрај полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола учествуваа полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола кои што пак од своја страна ги запознаа учениците со злоупотребите и девијатните појави на социјалните мрежи, како и за опасностите што ги демнат младите и како да се заштитат од истите. За време на активноста воедно беше поделен и едукативно печатен материјал во насока на информирање на учениците во борбата за спречување на зависноста од дроги.