Во рамките на континуираните превентивни активности од проектот „Безбедност во училиштата“ Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Аеродром и Ѓорче Петров вчера и денеска (12/13.10) реализираа пет обуки посветени на „Превенција од меѓуврсничко насилство “, ,, Превенција од зависности – кажи не на дрогата, да на животот “, а беше одржана и посебна трибина на тема „Меѓуврсничко насилство “.
Така, во Основното општинско училиште „Блаже Конески“ на подрачјето на ПСОН Аеродром беа спроведени три работилници со ученици од деветто одделение посветени на „Превенција од меѓуврсничко насилство“, а пак во основното училиште „Љубен Лапе“, исто така на подрачјето на ПСОН Аеродром две едукативни работилницина на тема ,,Превенција од зависности“ под мотото „Кажи не на дрогата, да на животот“ со ученици од деветтите одделенија.
На подрачјето, пак на ПСОН Ѓорче Петров, односно во општинското основно училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ со учениците беше одржана трибина на тема за меѓуврсничко насилство.
Во текот на овие работилници, преку наменски подготвени видео презентации учениците беа запознаени со сите суштински аспекти на темите што се обработуваа, за формите на препознавање и манифестирање на овие девијатни појави како и за начините на превенција од истите.