12 октомври 2023

Превентивни активности на РЦГР Север

Денеска (12.10.) полициски службеници за превенција при Регионалниот центар за гранични работи Север на подрачјата на Полициските станици за ГН Блаце и Чашка, со месното население од овие региони реализираа превентивни активности околу заштита на шумите од пожари и за превенција од криволов. Преку непосредна комуникација со населението беа појаснети законските одредби од Законот за шуми, како и одредбите околу прекршочните и кривичните санкции, потоа неопходноста од одговорно однесување при извршување на земјоделски работи, а стана збор и за нормите кои што ја третираат појавата на криволов.

Покрај ова, во просториите на Ловечкиот дом, кај место викано Тодевац, беше одржан состанок со членови на ловечкото здружение „Жеден“ од Ѓорче Петров, Скопје, а посветен на ловната сезона која што започна од почетокот на месецов. Притоа, од страна на полициските службеници беше укажано за обврската од прецизно почитување на законите за оружје, за лов, за заштита на дивечот и за заштита од пожари. Особено од аспект на превенцијата и безбедноста на ловците на терен и безбедноста на месното население во предели каде што се врши острел на дивечот. Дополнително, полициските службеници од ПС за ГН Блаце и Чашка ги запознаа ловџиите со потребата од благовремена комуникација и информирање за движењето на ловџиите во близина на државната граница, односно правилото ловот да биде најавуван 12 часа пред отпочнување, со список на сите ловци кои ќе се движат долж државната граница во длабочина до 500 метри од граничната линија. Исто така, на членовите на ловното друштво им беше укажано дека за време на ловот задолжително мора да се носат и дозволите за носење и поседување на огнено оружје, да не се доведуваат во алкохолизирана состојба, да се внимава кога и каде се стрела во дивеч или мети, и да не се загрозува личната безбедност или безбедност на останатите ловци и безбедноста на месното население.

Воедно, на состанокот беше договорено во иднина да има потесна соработка меѓу полицијата и ловното здружение не само во насока на почести контроли на теренот за заштита на дивечот, за спречување криволов, откривање на криволовци, туку и за движење со огнено оружје за време на ловостој или носење оружје без дозвола за носење и поседување на огнено оружје, откривање и превземање на други законските овластувања за превентивно делување и санкционирање на таквите појави.