Денеска (12.10.) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Берово на градскиот пазар во Берово спроведоа едукативна кампања за превенција од џебни кражби. На граѓаните, посебно на повозрасните категории граѓани, покрај практични совети за подобра заштита од џебни кражби им беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Во текот на активностите беа појаснети начините и постапките кои треба да се преземаат со цел граѓаните да се заштитат од сторителите на ваквите кривични дела, односно кои мерки да ги практикуваат и на што да обратат посебно внимание при купување и при движење на јавни места. Воедно особено беше нагласена важноста од соработката со полицијата и нејзиното навремено известување.