11 октомври 2023

„Незаконското сечење на дрва е криминал" и ,,Пламените јазици се незапирливи" - Превентивни активности на СВР Велес

Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со Полициски службеници од Полициската станица Велес, Полициското одделение Чашка и Полициската станица Кавадарци, денеска (11.10.2023), реализираа превентивни активности под мотото „Незаконското сечење на дрва е криминал“ и „Пламените јазици се незапирливи".

Притоа, полициските службеници остварија средби со жителите на населените места и селата и во непосредни разговори ги запознаа за најчестите можни причини за настанување на шумските пожари, за неопходноста од заштита на шумите како заедничка одговорност на сите, како и околу законските последици и санкции од предизвикување на шумските пожари и незаконска сеча на дрва.

Во рамки на активноста беа поделени и едукативно-информативни летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“ со телефонските броеви 112 и 192, на кои што граѓаните ќе можат да се јават и навремено да ги информирааат надлежните институции, со цел спречување кражба на дрва и заштита на шумите од пожари.