Денеска (07.10.2023) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, на Градскиот стадион во Штип, спроведена е превентивна активност „Да навиваме спортски и безбедно за нашиот клуб“. На посетителите на спортските натпревари им беше укажано дека не смеат да се истакнуваат транспаренти со пораки кои повикуваат на насилство и поттикнуваат омраза, треба да се навива спортски и со почит кон другите, а беа запознаени и со законските одредби за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Исто така, беа поделени и летоци со едукативна содржина.