07 октомври 2023

Превентивна активност на СВР Скопје

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, во кординација со полициските службеници од Полициското одделение Сарај, денеска (07.10.2023) на Матка реализираа превентивна активност во насока на заштита на граѓаните од тешки кражби од моторни возила. Притоа, во непосредна комуникација, на граѓаните им беа давани корисни совети, а им беа делени и едукативни летоци. На граѓаните, меѓу другото, им беше советувано да не оставаат вредни предмети во автомобилите, а беше потенцирана и неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред се преку точно и брзо пријавување на ваквите кривични дела.