06 октомври 2023

Превентивни активности на СВР Штип

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство со полициски службеници од ПС од ОН Штип денеска (06.10.) на локации околу градскиот пазар во Штип, реализираа превентивни активности во рамки на едукативна кампања под мотото “Заштитете се од џебни кражби”. Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните покрај конкретните совети и укажувања беа делени информативни летоци со базични информации околу џебните кражби и превенцијата од истите. Дополнително беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на ваквите кривични дела.

На идентична тема поврзана со превенцијата од имотни деликти денеска и во Делчево на повеќе фрекфентни локации во градот полициски службеници од ОВР Делчево спроведоа превентивна активност на тема – “Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“. При што примарно беше запознавање на граѓаните со имотните деликти - кражби, разбојнички кражби , измами, како и со начините за превенција на истите.