06 октомври 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Денеска (06.10.) од страна на полициските службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола беше спроведена едукативна работилница со учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“ а како дел од превентивниот проект „Безбедно од дома до училиште“.

Во рамки на работилницата преку соодветна наменски подготвена презентација за значењето на сообраќајните знаци, за хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација, како и за правилата за преминување преку раскрсница, децата беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, а се со цел нивна заштита како најранлива категорија учесници во сообраќајот. На учениците по одржаната едукативна работилница им беше поделен и соодветен едукативен печатен материјал.

Во Демир Хисар и Ресен полициските службеници од ОВР Демир Хисар и ОВР Ресен реализираа превентивна активност во насока на заштита на шумите од пожари и бесправна сеча, а пак полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во рамки на одбележувањето на Детската недела во основното училиште „Гоце Делчев“ во Битола за првооделенците реализираа предавање за безбедноста во сообраќајот и им беа поделени пригодни подароци и едукативни боенки.