04 октомври 2023

Безбедноста во сообраќајот и работните обврски на полициските службеници во фокусот на најмладите при посетата на ОВР Радовиш

Денеска (04.10.2023) во рамки на одбележувањето на „Детската недела“ и реализирање на проектите на Министерството за внатрешни работи - „Полицијата и децата се дружат“ и „Јас на гости кај полицијата“, Одделението за внатрешни работи Радовиш го посетија дечиња од Јавната општинска установа – детска градинка „Ацо Караманов“, објект „Цветови“ од Радовиш.

Во текот на посетата најмладите беа запознаени со работните обврски на полицискиот службеник, како и со дел од опремата и возилата кои ги користат полициските службеници при секојдневното работење.

При разговорите за различни области од полициското работење, особено за сообраќајната безбедност, децата беа запознаени со сите за нив битни информации: како се минува улица, како се движи по тротоар, како се минуваат семафори и слично, а за оние најљубопитните кои што искажуваа желба дека сакаат еден ден да бидат полициски службеници, а од страна на вработените во ОВР Радовиш им беше порачано дека е неопходно да се посветат на образованието и да се стекнат со знаења за можат да си ги остварат желбите.