Во текот на вчерашниот ден (02.10) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш спроведоа превентивна активност со ученици од Средното општинско училиште “Коста Сусинов“ во Радовиш.
Преку едукативно предавање на темите за „Врсничко насилство“ и „Сајбер насилство“ учениците беа запознаени со начините на препознавање на овие форми на социо-девијатно однесување, како и за превенирањето од истите, пред се во комуникација и соработка со полицијата, родителите и надлежните во училишните средини.