Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Тетово продолжувајќи со серијата средби со најодговорните за образование во Полошкиот регион, вчера (02.10) во Гостивар одржаа работен состанок со директорите на средните училишта од овој град, потоа со одговорните за образование во гостиварската локална самоуправа, со претставници од советите на родители во овие училишта, како и со полициски службеници од ОВР Гостивар.
Притоа, на средбата се дебтираше за почетокот на новата учебна година, пред се од безбедносен аспект и уште еднаш беше истакната потребата од континуирана двонасочна соработка помеѓу училиштата и полицијата. Ова, пред се при детектирање на можните безбедносни проблеми изразени преку разни социо-девијатни форми на поведение, и превентивно пресретнување на истите, посебно на врсничко насилство, како и опасностите од внесување или консумирање на наркотични средства во или надвор од училишните објекти.
На средбата се побараа почести контакти и со советите на родители, како мошне значајни за анимирање на вкупната превентивна свест во училиштата и за навремено алармирање за општествено негативни појави меѓу учениците-адолесценти. И тоа не само во текот на наставниот процес, туку и по неговото завршување на местата на кои најчесто се собираат и дружат учениците.