02 октомври 2023
Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска (02.10) реализираа превентивна активност под мотото – „Стави појас при управување со возило“ Превентивната активност беше реализирана на повеќе локации во Кавадарци во соработка со членови на Оопштинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Кавадарци, во која што преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот им се укажуваше на обврската за безбедно управување со возило, задолжителнито носење на сигурносен појас и прилагодување на брзината спрема условите на патот како едни од најважните правила во насока на елиминирање на можностите од сообраќајни несреќи.
Воедно на возачите и другите учесници во сообраќајот им беа делени летоци со едукативна содржина изготвени во соработка со РСБСП.