Денеска (29.09.) во просториите на здружението на ловното друштво „Осогово” во Крива Паланка, полициски службеници од Полициските станици за ГП и ГН Деве Баир и Крива Паланка, одржаа средба со претставниците на ловното друштво, а во насока на соработка и превентивно делување во пресрет на почнувањето на ловната сезона 2023/2024.
Притоа, темите на разговор беа поврзани со законските одредби од Законите за оружје, за лов, за заштита на дивечот и нивно стриктно почитување, а стана збор и за заштитата од шумски пожари. Од страна на полициските службеници беше нагласена неопходноста од почитување на безбедносните правила и мерки на теренот, потоа за потребата од благовремено најавување и пријавување на присуството и движењето на ловџиите, 12 часа претходно, доколку тоа се одвива долж државната граница во длабочени од 500 метри од граничната линија. Исто така беше посочено дека членовите на ловното друштво за време на ловот задолжително со себе да ги носат и дозволите за носење и поседување на огнено оружје, да не се доведуваат во алкохолизирана состојба, да внимаваат кога и каде стрелаат во дивеч или мети, да не се водат малолетни и други лица во лов, а кои не се членови на ловното друштво, за да не ја загрозат личната безбедност и безбедноста на останатите ловци. Во насока на превенирање од секакви можни прекршувања на законите на средбата беше констатирано дека е од огромна важност воспоставување на континуирана комуникација и соработка со полицијата.
Инаку, денеска и полициски службеници од Полициската станица за ГН Попова Шапка на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка реализираа превентивна активност во врска со заштитата на шумите од пожари. Притоа во непосредна комуникација со месното население од селата Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце, полициските службеници укажуваа на причините и ризиците од предизвикување на шумски пожари, како и за начините за нивна превенција преку тесна соработка со полицијата и другите надлежни институции.